Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За еден месец регистрирани 28.494 прекршоци преку „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library1d7qopc2gr46de2RCwl
Илустрација / Скопје1 / МВР

Во текот на мај годинава, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 28.494 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и патните коридори каде што се поставени камери, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според податоците на МВР, најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. Во текот на месецот биле евидентирани 27.360 вакви случаи.

Дополнително, регистрирани се 833 прекршоци за управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола, како и 301 случај на минување на затворен сигнал – црвено светло.

— реклама —

Во истиот период биле изречени вкупно 781 мерка забрана за управување со возило. Од нив, 295 се однесуваат на минување на црвено светло, а 486 за брзо возење.

— реклама —

Од забраните за брзо возење, 347 се изречени за возачи кои се движеле со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 86 за надминување на ограничувањето утврдено за самото возило, а 83 за возење со брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.

Од МВР посочуваат дека во споредба со април е забележано намалување од 7,9 проценти на прекршоците за управување нерегистрирано возило.

— реклама —

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 15 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања