За една година убиени 80 новинари во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Во светот во 2018 година се убиени 80 новинари додека биле на работна задача. Лани, беа убиени 65 новинари, соопшти организацијата „Репортери без граници“.

— реклама —

Меѓу жртвите годинава се 63 професионални новинари, што е за 15 проценти повеќе од лани.

— реклама —

Во годишниот извештај на невладината организација со седиште во Париз, се осудува рекордното ниво на насилство врз новинарите.

— реклама —

Пред неколку месеци, организацијата соопшти дека најопасна држава за новинарите е Авганистан. Дополнително, загрижувачка е и бројката на новинари кои се во затвор поради нивната работа.

Рекорден број новинари во светот се наоѓаат зад решетки поради објавување на својата работа, вклучително и двајца новинари на „Ројтерс“ чие затворање во Мјанмар предизвика реакција во меѓународната заедница.

Заклучно со 1 декември во светот бил затворен 251 новинар, се наведува во годишниот извештај на Одборот за заштита на новинарите. Трета година по ред, повеќе од половина од нив се во Турција, Кина и Египет, каде што властите ги обвинуваат новинарите за противладини активности.

Турција го држи неславното прво место, со 68 новинари зад решетките.

Интересно е тоа што дури 87 отсто од новинарите се мажи.

Според извештајот, 70 проценти од затворените новинари се за дела против државата. Единаесет отсто се обвинети за „лажни вести“, 13 проценти за одмазда, а 18% се затворени без одмазда.

Бројот на новинари затворени поради обвинение за „лажни вести“ се искачи на 28, наведува Одборот чие седиште се наоѓа во САД и е непрофитна организација.

Извештајот го критикуваше американскиот претседател, Доналд Трамп, поради користењето на изразите „лажни вести“ за негативно известување за него, фрази што исто така ги користат и други челници кога критикуваат новинари, како оние од Филипини и во Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања