„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

За една недела подигнати 265 непрописно паркирани возила од Јавните површини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
pajak-11

Во текот на изминатата недела (26.11 – 02.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 265 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

— реклама —

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 351 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања