Промени тема
Контакт

За една недела подигнати 305 непрописно паркирани возила од јавните површини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
pajak-11

Во текот на изминатата недела (01.10 – 07.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 284  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

— реклама —

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 277 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

— реклама —

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања