За една недела санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
158519245_578653176424577_4057425097531425331_n

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 191 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Во периодот од 01.03. до 07.03.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

— реклама —

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

— реклама —

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања