Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

За една недела во Кочани ќе се започне со уривање на дивоградби, Крстевски најави дека нема да толерира никого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Општина Кочани во петок, 5 септември, во попладневните часови ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар. Уривањето ќе биде спроведено по решение од градежен инспектор.

— реклама —

Доколку сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во ТЦ до наведениот рок сам не ја отстрани дивоградбата, интервенцијата ќе ја изврши Општината преку економски оператор избран со јавна набавка.

— реклама —

В.д. градоначалникот Венко Крстевски потсети дека на 28 април годинава бил одржан состанок со угостителите, на кој тие биле информирани дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е прв приоритет.

— реклама —

Тој додаде дека на 18 јуни поднел кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против дел од угостителите кои, како што рече, и по трагедијата во „Пулс“ продолжиле да работат нерегуларно и незаконски, ставајќи го личниот профит пред здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Јавната површина е јавен интерес и нема да има толеранција кон угостителски објекти кои го узурпираат просторот и создаваат безбедносен ризик“, порача Крстевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Дивоградбите „цветаат“: Лани изградени 911 бесправни објекти, најмногу куќи

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Легализацијата на дивоградбите продолжена до 2031 година

Македонија | пред 8 месеци

divogradbi

СДСМ: Мицкоски одбива рушење дивоградби во Чаир

Македонија | пред 1 година

divogradbi-buldozeri2

(Видео/Фото) Булдожерите на Рама уриваат објекти во заштитени подрачја

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања