Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

За едно деноноќие во Скопје издадени е 71 мандатен платен налог, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Во текот на 07.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои: девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле  нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени е 71 мандатен платен налог, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања