За ЕСМ ексхармоникашот и новиот директор на РЕК Осломеј се професионални кадри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rek-bitola-1

- Управниот одбор на АД ЕСМ на состанокот одржан на 23 ноември донесе Одлука за назначување на вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Битола на Пеце Матевски и вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Осломеј на Стојан Мицоски.

— реклама —

До назначувањето, Пеце Матевски ја извршуваше функцијата директор на Термоелектрана, а претходно беше координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Претходно работел во приватниот сектор.Матевски е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси.

— реклама —

До назначувањето за в.д. директор на РЕК Осломеј, Стојан Мицкоски ја извршуваше функцијата технички директор на Рудници, а претходно работеше како одговорен инжинер на јагленов систем и раководител на Машинско одржување. Мицкоски е дипломиран машински инженер. И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање, и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

— реклама —

АД ЕСМ ги осудува обидите на опозициската партија да го прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција, особено ако тоа било во време кога политичката структура не дозволуваше способни и професионални лица да напредуваат или да се вработат на соодветно место без да имаат соодветна партиска припадност.

Ги осудуваме и обидите на дел од порталите за правење сензационализам за приватниот живот на било кој граѓанин, кога истото не е во корелација со неговите стручни квалитети и подготовка за обавување на назначената позиција. - се вели во соопштението од ЕСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за новоназначените директори на РЕК Битола и Осломеј

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања