Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

За иселеничка виза во САД аплицирале 80 отсто од помладите албански полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
policija-1

Дури 80 отсто од албанските полициски службеници на возраст под 40 години сакаат да ја напуштат Албанија и да заминат во САД. Тие аплицирале на Лотаријата за американска зелена карта за 2018 година. Податоците во писмо со барања до премиерот Еди Рама ги наведува Синдикатот на полициските работници.

— реклама —

– Полицајците помлади од 40 години аплицираа на американска лотарија и во јануари 2019 година очекуваат да ја напуштат Албанија за подобар живот, пишува во писмото на Синдикатот.

— реклама —

Во писмото уште се наведува дека главна причина за масовното аплицирање на американската лотарија од страна на младите полициски службеници и оние до 40-годишна возраст се ниските плати или како што стои, најниски плати во Европа. Синдкатот, исто така, бара исплата на 13-та плата, како што е дефинирано во Законот за работни односи, исплата на средства за прекувремена работа за цела 2017 година, пари за храна и осигурување на живот за оние кои се повредени во текот на работното време. Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта). Бројот на апликантите е во постојан раст.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања