„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
2

Жалбата на Обвинителството за куќниот притвор на Фатон Љури, осомничен за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека, на кејот на Вардар, стигнала до Кривичниот суд. Со ова почнуваат роковите, таа да биде доставена до обвинетиот и неговиот адвокат, а потоа Кривичниот совет ќе постапува. Барање за произнесување е пратено, сега се чека одговор.

— реклама —

Законот за кривична постапка предвидува одговор на жалбата, судот да добие за 24 часа. Потоа, судиите носат одлука дали оваа мерка ќе опстане или ќе се одреди построга. Засега не е познато дали осомничениот барал укинување на мерката на претпазливост, односно да се брани од слобода.

Инаку, Љури, според обвинителите, бил возачот на мотоциклот. Го оставил повредениот другар и усмртениот пешак и избегал. До одлуката на Кривичен совет, јавноста остро реагира и прашува, како е можно, осомничен за прегазување на пешачка патека, кој немал ни возачка, а се дал во бегство и не укажал помош на сега усмртениот скопјанец – да добие куќен, наместо ефективен притвор.

— реклама —

Како споредба, се земаат два случаи. Па така, првиот е примерот каде возачот Јордан Ѓоргиев ја усмрти Викторија Николова кај „Сити мол“. Кај него, и покрај олеснителните околности што не избега, беше на лице место, имаше возачка дозвола и соработуваше со органите на прогонот, Кривичниот суд му одреди ефективен притвор и сѐ до пресудата беше во затворска ќелија.

Вториот случај е усмртувањето на Фросина Куланова. Возачот Васил Јованов, кој не избега, остана на местото на несреќата и соработуваше со органите на прогонот – доби ефективен притвор.

Непознато е кој судија одлучи да не ја уважи мерката ефективен притвор за  Фатон Љури. Особено, бидејќи по настанот избега, а беше најден и уапсен по еден ден. Обвинителството уште истиот ден поднесе жалба на мерката на претпазливост. Тие сметаат дека постои простор за негово повторно бегство и влијание на сведоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања