Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

За Кичево-Охрид се фалат со снимка од Скопје-Тетово, за обиколницата кај Куманово се фалат со надвозник, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-01-22-213925

Само во имагинарниот свет на Ковачевски и СДС постојат изградени 1.300 километри нови патишта, додека реалноста е сосема поинаква, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС и Ковачевски мислат дека граѓаните не возат низ Македонија и не знаат какви по какви и кои патишта се вози, па затоа свесно лажат со измислени изградени патишта. СДС и Ковачевски толку се одлепени од реалноста што без тронка срам, за изграден го претставија автопатот Кичево-Охрид, а да биде лагата поголема на видеото на кое се пофалија прикажан е автопатот Скопје-Тетово, изграден многу одамна.

Од друга страна реалноста е дека за сите овие години откако се СДС на власт вклучително и откако Ковачевски е премиер, автопатот Кичево-Охрид тапка во место и се уште не е целосно пробиена трасата од Кичево до село Извор, ниту се доградени вијадуктите. Но, затоа само додаваат анекси и црпат милиони. Не знаеме во кој виртуелен свет е Ковачевски го изградил автопатот, ама во овој реалниот кој го живеат македонските граѓани, сигурно не.

— реклама —

Но, тука не запираат лагите, па така Ковачевски се пофали дека изградена е обиколницата во Куманово. Вистината е дека такво нешто не постои, а тоа што го прикажале е реконструираниот надвозник во село Проевце, дел од регионалниот пат Свети Николе - клучка во населба Карпош.

— реклама —

Воедно СДС и Ковачевски не знаат колку се 1.300 километри па водејќи се по изреката „ако се лаже, нека се лаже“ си ставиле произволна бројка која нив им изгледала убаво.

Да имаа изградено 1.300 километри нови патишта, низ цела Македонија граѓаните ќе возеа по нови патишта, а не по руинирани патишта полни со дупки.Но, сепак ова е продолжение на истата влада која две години не можеше да пушти направен автопат Миладиновци-Штип, а со трубачи славеше отворање на делницата Демир Капија-Смоквица која исто така тие не ја изградија.

— реклама —

СДС и Ковачевски освен што се криминални и неспособни, се и патолошки лажговци. Затоа единствен спас се предвремени парламентарни избори за да дојде влада која навистина ќе ги изгради патиштата, а нема да лаже како СДС дека изградила неизградени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања