Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

За криминали во ЕСМ ќе одговараат 31 лице и 5 фирми, меѓу нив и Васко Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vasko-kovacevski

По тримесечна истрага за случајот Адитив, основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд. 31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ.

— реклама —

Меѓу осомничените е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој сѐ уште е во бегство, а се бара и со меѓународна потерница.

— реклама —

Во притвор е поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов кој во текот на истрагата беше приведен на граничниот премин Табановце.

— реклама —

Осомничените се товарат за незаконска набавка на адитиви тешка над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.

— реклама —

Несовесно работење, злосторничко здружување, злоупотреби при работењето и на постапка за јавен повик, перење пари се дел од кривичните дела за кои ќе се гонат во следниот период, а ќе се бара и конфискација на имот.

Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со Посебен предлог се бара конфискација на парични средства и недвижен имот во сопственост на обвинетите и на трети лица, стои во соопштението од ОЈО ГОКК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања