Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

За многу години Свети Никола Чудотворец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sv-nikola

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.

— реклама —

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромавите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светец. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.

— реклама —

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, израдувајте ги денеска децата со некаков ситен подарок. Тие ќе бидат среќни, а вам ќе ви биде убаво, како што наложува народната традиција.

Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства вечерва и утреве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања