За навивањето со албански знамиња на натпревар меѓу Шкупи и Пандев, повикана е инспекцијата да реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zemjotres-fudbal

Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенција за млади и спорт, а против ФК Шкупи и ФФМ.

— реклама —

„Од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на ден 17.05.2022 година, беа истакнати знамиња на соседна Р. Албанија, а не беше истакнато знамето на Р. Македонија, кое е задолжително да се истакне.

— реклама —

Со ваквите постапки се прекршуваат член 7, член 15, 16 и 17 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Член 7 предвидува:

— реклама —

„При официјални државни посети и меѓународни манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот, знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во согласност со одредбите на овој Закон.

Согласно член 30 од истиот закон: „Со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно одредбите од чл. 7 на овој закон.“

Согласно актите на ФФМ, присуството на државниот симбол е задолжителен на сите средби под ингеренции на ФФМ. Со конкретните дејствија, ФФМ го прекршиле член 7 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

Од тие причини, преку оваа Иницијатива до Агенцијата за млади и спорт, Левица бара веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор и да бидат преземени сите законски дејствија, а по утврдената фактичка состојба, да се донесат соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Уставот, законите и подзаконските акти“, велат од Левица

/1-270" rel="attachment wp-att-183498">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања