Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

За некого мајка, за други маќеа: Донацијата на Еуровиа за ДУИ по терк на предметот „Талир“ за белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
talir

„Еуровиа“ која за 1,5 милиони евра без ДДВ ја доби зделката да ја преуреди салата Борис Трајковски за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и декември, веќе ги паркира своите камиони пред спортското здание и расчистува околу него. Но, прекршокот не е поврзан со тендерот кој го доби од МНР каде министер е Бујар Османи од ДУИ, туку со донација за партијата. Лани според јавните податоци Елмедин Адеми и неговата „Еуровиа“ донирале на ДУИ 2,5 односно 1,8 милиони денари или вкупно од Желино на партиската сметка во Мала Речица префрлиле околу 70.800 евра (4.354.200 денари), пишува „Телма“.

ДУИ според одредбите на членовите 15 и 20 од Законот за финансирање на политички партии требало да ги отфрлат и вратат тие донации, или ако биле сомнителни да ги уплатат во Буџетот.

— реклама —

На листата не е наведен моментот на примањето на донацијата, но „Еуровиа“ во 2022 има повеќе тековни зделки со државата и со општините. Договорот со Тетово и Теута Арифи за изградба на патна сигнализација бил активен до 28-ми октомври лани, додека од 21-ви ноември лани склучиле договор со Универзитетот „Мајка Тереза“.

Значи „Еуровиа“ смеела да даде донација на ДУИ само во тој краток период од 23 дена. Донацијата на „Еуровиа“ за ДУИ според законските членови е слична со донацијата на изградбата на партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ поради што СЈО го отвори предметот „Талир“, а во првостепена пресуда, белата палата беше конфискувана.

— реклама —

Партиите при вакви донации од фирми кои работат на тендери според член 15 од Законот за финанисрање на политички партии мора да ги вратат донациите. Доколку не го сторат тоа, а ДУИ си ги има пријавено како донација на „Еуровиа“, покрај кривичен прогон како за белата палата, следуваат и други казни.

Но ова не единствениот прекршок доколку се применува Законот за финансирање на политички партии, сопственикот на „Еуровиа“, внукот на поранешниот вицепремиер Адеми, на ДУИ ѝ донирал околу 2,5 милиони денари. Имал право да донира максимум 30 просечни нето плати која лани во ноември изнесуваше малку над 32 илјади денари. Тоа значи дека Адеми, или секое друго лице смеело да донира максимум 390 илјади денари, а тој уплатил на партиската сметка 6 пати повеќе.

— реклама —

Истиот прекршок го има сторено и „Еуровиа“ која како фирма уплатила 2,5 пати поголема донација од законски дозволената од 60 просечни нето-плати. За сите овие прекршоци се предвидени парични казни и суспензии за државните пари за партијата.

Вчера кога МНР реагираше, соопштија дека зделкта за ОБСЕ, „Еуровиа“ ја добила поради најниската цена меѓу четирите конкуренти и согласно Законот за јавни набавки. Немало законски пречки, но од кабинетот на министерот Бујар Османи не соопштија дали донаторот на неговата партија ги прекршил одредбите на Законот за финансирање на политички партии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања