Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

За Османи нема ништо спорно со поставувањето на албанското знаме во Охрид: Може да се постави насекаде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
BUJAR-OSMANI

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 рече дека албанското знаме може да се постави каде било и дека тоа е дозволено со закон.

— реклама —

Инцидентот што се случил пред 3 дена со поставувањето на албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид предизвика голем број на рекации. Едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години. Тоа лице, Ѓерг Прекоцај потоа за албанска новинаска агенција изјави дека Охрид е албански град и дека тој од тоа нема никогаш да се откаже.

— реклама —

Се јави и претседателот на Собранието Талат Џафери кој рече дека казната била престрога затоа што се работело за фолклорна група која снимала видео.

— реклама —

Реагираше и Алијансата за Албанците кои соопштија дека се загрижени во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

— реклама —

Се јавија и бугарски историчари кои го осудија овој чин затоа што се работело за тврдината на бугарскиот цар Самоил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања