„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За Османи, шефот на државата Иванов е господин, но не и претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Bujar_Osmani_VP

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември“.

— реклама —

„Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период. Добро е што знаеме што очекуваат граѓаните и јасно го правиме контрастот меѓу тоа што треба да одлучиме“, рече Османи, кој додаде „Одлуката е меѓу нешто што претставува господинот Иванов и нешто што претставува целиот западен цивилизиран свет кој дојде овој месец во Скопје, но што го претставуваат и огромното мнозинство граѓани на Република Македонија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања