Партиската трибина на СДСМ поважна од учениците, училиштата, институциите, трговските, хотелите. Ваков впечаток ќе се добие ако се земе во предвид дека 24 часовно се обезбедува салата „Борис Трајковски“, каде треба да се одржи партискиот настан. Полицијата се одлучила на ваков чекор бидејќи вчера имаше дојава за бомба, но не се одлучи да постапува исто вака во ниту едно училиште каде и по 2-3 пати имаше дојави за бомби. Па така, спокојот и животите на присутните од партијата, очигледно се поважни, отколку спокојот на децата во улиштата, службениците во институциите, гостите во хотелите.
За првпат, паркинзите околу спортскиот центар се затворени од вчера попладнето. И утрово, сликата е иста – полиција околу цела сала и на секој влез од паркинг просторот. За ова имаше коментари и на социјалните мрежи. Новинарот Кристијан Ландов напиша: „Се надминувате, ги надминувате“, асоцирајќи на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас не паметам дека имало случај кога сите паркинзи биле вон функција околу салата заради настан во салата. Е до толку е лошо“, додава тој.
Коментар имаше и од новинарка. Таа под објавата напиша: „Ужаси... ги носевме децата на одбојкарски натпревар, не смеевме да паркираме ни близу. Мислев концерт некој има. Како не ми текна што била работата...“.
„Скопје1“ одговори за ова побара и од МВР. Нив ги прашавме, зошто ваква заштита, со полициско обезбедување, немаат и училиштата, институциите, трговските, хотелите. Досега, не одговорија на прашањето. Нѐ интересираше и кој ќе го плати ова обезбедување на партискиот настан, но и зошто не се ангажирала приватна фирма за оваа намена туку тоа го прави полицијата – одново молк.
Целта на ова обезбедување на салата е, доколку има дојава за бомба во текот на настанот, да нема потреба од евакуација.