Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

За пет дена пријавени 25 случаи на семејно насилство, приведени 14 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Дваесет и пет пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи биле регистрирани во Македонија во периодот од 1 до 5 ноември 2026 година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во рамките на постапувањето, полицијата лишила од слобода и привела 14 лица.

— реклама —

Случаите биле пријавени на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица.

— реклама —

Пријавите опфаќаат физички напади врз сопружници, поранешни партнери, родители, деца и други членови на семејството, но и психичко малтретирање, закани и вознемирување. Евидентирани се и случаи на непочитување на судски заштитни мерки и решенија на центрите за социјална работа поврзани со видувањата со малолетни деца.

Меѓу пријавените настани, во Скопје лице со остар предмет ѝ се заканувало на својата мајка, додека во Тетово поранешен партнер следел и ѝ упатувал закани на жена, непочитувајќи ги изречените судски мерки. Пријавени биле и случаи на физичко насилство врз малолетници.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци против инволвираните лица.

— реклама —

Министерството апелира до граѓаните да пријавуваат каква било форма на семејно насилство и да не молчат, за надлежните институции да можат навремено да реагираат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

МВР и американската ДЕА помогнале во пресретнување над 300 килограми кокаин во Германија - патувала од Еквадор преку Холандија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Четири пријави за семејно и физичко насилство во Тетово и Скопје

Македонија | пред 3 часа

pari

Измама во Гостивар: Му ветил на газдата дека ќе почне да работи, но претходно да му исплати 110.700 денари

Македонија | пред 3 часа

media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Десетмина возачи приведени за безобѕирно управување, меѓу нив и 15-годишник

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања