Во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година од карцином на грло на матка умреле 203 жени, а бројот на умрени жени од карцином на грло на матка секоја година се зголемува за 6%. И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28% од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените.
Во периодот од 2012 до 2017 година, 56 % од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 % од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години.
Во анализираниот период, кај 13 317 жени или пак во просек кај 8% од цитолошки анализираните брисеви утврдени се одредени клеточни абнормалности. Најголем број на клеточни абнормалности или 14,9% утврдени се во 2016 година. Доколку со Програмата за скрнинг на карцином на грлото на матката биле опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години во изминатите шест години, одредени клеточни абнирмалности би се идентификувале кај приближно 44 илјади жени што значи дека кај овие жени е пропуштена можноста за рано откривање на предраковите промени и карциномот на грлото на матката, и со тоа навремено излекување и продолжување на животот на жените.
Воедно потребно е да се воспостави една национална програма за скрининг на ракот на грлото на матката, каде што прецизно ќе се дефинираат критериумите и одговорностите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со која ќе се превенира предвремената смрт на жените во нашата земја. Моментално и Министерството за здравство и Фондот паралелно предвидуваат превентивни активности за рано откривање на ракот на грлото на матката, без меѓусебна комуникација и координација.
20.464.230 денари за поканување на 682.141 жени на возраст од 24 до 60 години; 68.214.100 денари за спроведување на ПАП тестови од матични гинеколози на 50% од женската поулација на возраст од 24 до 60 години; 20.464.230 денари за цитолошка анализа на направените ПАП тестови; 300.000 денари за координација на скринингот од страна на Центрите за јавно здравје и 500.000 денари за активностите на мобилната гинеколошка ординација.