„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

За полициските службеници дисциплинска постапка, а за „мангупот“ полицаец глоба од од 600 до 800 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MVR-1

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во врска со двете фотографии  кои во текот на вчерашниот ден се појавија на социјалните мрежи на кои лица  облечени во полициска униформа со навредлива содржина кон граѓаните  кои заради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација,  а со тоа се штитат себе си и другите од ширењето на вирусот Ковид 19, Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи најостро го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш  изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .

— реклама —

При извршените проверки беше утврдено дека  двете лица  на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило  станува збор за овластени полициски службеници, истите  веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР , при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти.

— реклама —

Во врска  со другата фотографија каде едно лице  е фотографирано само , МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со  него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник,носејќи  полициска мајца со полициски ознаки .

Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните и до полициските службеници да  бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи  и воедно потенцираме дека  најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања