Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

За пратениците Груби и Алими пресудата за убијците на Саздо е скандалозна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
grubi

Пратениците на ДУИ, Артан Груби и Ејуп Алими, ја нарекоа скандалозна судската пресуда против осудените за убиството на Никола Саздовски Саздо, кои вчера беа осудени на по 18 години затвор. Од собраниската говорница Груби и Алими обвинуваа за селективна правда и корумпирано судство.

— реклама —

-Ова го вклучи алармот за интервенирање во судството и потребата од длабоки реформи во целиот судски систем.  Со скандалозната судска пресуда се докажа селективната правда, било на етничка основа, верска, или партиска припадност. Се осудуваат дваца млади лица со по 19 години затвор, односно вкупно 38 години затвор, а убиецот на малиот Алмир во Куманово се осуди на само 6 години затвор и му се овозможи одбрана од слобода. Ако ова не е селективна правда, не знам што е – рече пратеникот Артан Груби.

Поради ова и поради настаните вчера во ИВЗ, Груби побара промена на дневниот ред на денешната седница.

— реклама —

Ејуп Алими, пак, побара половина час пауза за пратениците да се координираат.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прифати барањето за пауза од половина час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања