За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција ќе ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“ на Солунска глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pestera

За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција на почетокот од октомври ќе влезе во срцето на Солунска глава за да ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“. Оваа пештера за прв пат е откриена 1968 година од страна на друштвото „Пеони“, но до сега во неа немаат нуркано македонски спелеолози. Пештерата ја имаат посетено 3 странски експедиции, последен пат во 2014-та година кога Словачки тим влегол 2,5 км под земјата и открил 3 големи езера. Сега идејата ја реализираат клубот „Врело“ од Скопје и Македонската спелеолошка федерација, објави Сител. 

— реклама —

Спелеолозите велат дека станува збор за премногу тешка експедиција. Спелеонуркањето била една од најризичните работи со кои можело човек воопшто да се занимава. Тесни простори, насекаде остри карпи, а често знаело водата да се замати во неколку секудни и буквално ништо да не се гледа.

Текстот во целост: Сител

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања