За прв пат размислувањата на некој министер се толку блиску до моите, вели д-р. Беќаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
niko-bekarovski

Познатиот доктор Нико Беќаровски вели дека откако го изгледал интервјуто на актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити, и дека се согласува со неговите ставови.

— реклама —

„Денес успеав да го изгледам петочното интервју на Министерот Fatmir Mexhiti и морам да признаам дека не паметам кога последен пат размислувањата на некој Министер биле толку блиски со моите, посебно за спојувањето на Клинички Центар во една организациона единица и децентрализација на кадарот од Скопје.

— реклама —

Да се надеваме дека ќе успее заедно со сите нас да ги оствари.

— реклама —

Како мој прв личен придонес во неговата визија, спремен сум во било кое време и на било кој начин, да ги посетам сите болници и Здравствени домови низ Македонија, да им помогнам на колегите кои таму работат со дополнителна едукација пред се за третманот на акутните интоксикации, но и сите останати интернистички болести.

Можеби не е лоша идеја сите колеги од Клиничкиот Центар кога ќе наполнат 64 години, да им се продолжува договорот за работа до 67 години, само ако потпишат изјава дека во тие три години секоја работна недела ќе поминуваат 2-3 дена во некој од Медицинските центри низ Републиката.

Така делумно ќе се супституира недостатокот на доктори од една страна кој е алармантен во сите градови вон Скопје, а и колегите во овие центри ќе има од кого да научат и да се советуваат“, пишува д-р Беќаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања