Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2394319200875099/?type=3&theater