„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

За седум часа во Скоје, казнети се 53 лица оти возилата многу им бучеле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.03.) во периодот од 16.30 до 24.00 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема бучавост од дозволената и кои ги прекршуваат сообраќајните правила.

— реклама —

Од страна на полициските службеници преземени се вкупно 110 мерки. Привремено се задржани 35 сообраќајни дозволи и ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, а поднесени се и 53 прекршочни платни налози за прекршоци по Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и одземени се два мотоцикли за бучавост и без документи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања