Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„За сите деца“, богата културно-забавна програма за најмладите во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
IMG_4433

Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град.

На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето, ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години, под мотото „Културата расте со децата“.

— реклама —

Во текот на месеците јуни, јули, август, септември и октомври на отворените сцени на Долни Сарај, плоштадот „Крушевска Република“, плоштад „Вангел Наумовски“ (кај мини маркет), Лапидариум, градски плоштад „Свети Климент Охридски“ и други јавни површини во градот ќе бидат изведени детските театарски претстави „ Цветко и градината“, „Разгалениот принц“, „Младиот чорбаџија“, „Дизајнерот Далматинко“ и „Црвенкапа“. Сите претстави ќе бидат во изведба на „Театар Хит“ од Скопје, а најмладите преку омилените детски ликови ќе имаат можност да се дружат со нашите познати актери Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Ема Давчева и Бранко Атанасов.

Преку детскиот театар на отворено и интерактивните театарски претстави ќе бидат упатени универзалните пораки не само за секое дете туку и за возрасните како што се: да ги сакаме и почитуваме другарчињата , да ги слушаме родителите, да се грижиме светот да стане убаво место за живеење, да се грижиме за чиста и здрава животна средина и да градиме здрави животни навики преку здрава исхрана.

— реклама —

Исто така, најмладата публика во Охрид ќе има можност да биде дел од сликарската школа „Пробај уметност“, да се дружат со младите поети од Балканскиот-детски младински камп „Ванчо Николески“, како и со омилените ликови од детската емисија „Малите ѕвездичи со КА-2“ и да ја проследат детската балетска претстава „Барби“ од охридското детско балетско студио „Наталис студио“.

Како дел од програмата ќе се одржи и првиот танцов фестивал „Охрид танцуваТ“ организиран од танцовиот клуб „Соната“. За најмладите кои се заинтересирани за танц ќе бидат анимирани преку „Флеш-моб“ и едукативни танцови работилници.

Преку книжевните средби со писателите за деца Билјана Црвенкоска и Горјан Петрески, децата ќе имаат можност да се запознаат со ликовите на „Биби и Боби“ преку голем број познати сликовници и сказни од исоимената едиција за деца, како и низа други книжевни дела од овие автори.

— реклама —

Во рамки на детската програма ќе бидат прикажани филмовите за деца „Луси гангстерката –релис“ и „Малиот Винету и изгубените биволи“ синхронизирани на македонски јазик. Исто така планирано е да бидат прикажани и приказните „Модерна бајка“ и „Ќерките на Фроса“ кои се снимени во Охрид од детското драмско студио „Цвет 75“ од Охрид.

Најмладите ќе може да уживаат и во веселите композиции на детските фестивали „Поточиња’“, „Распеано рибарче“, „Радика Фест“ и „Весели Ѕвончиња“, а вистинска атракција за публиката ќе биде мјузиклот „Црвенкапа“ во изведба на „Балада Продукција“

— реклама —

Важно е да се напомене дека сите настани ќе бидат бесплатни за публиката.

Општина Охрид секој понеделник ќе ја најавува петочната детска содржина, местото и времето на одржување на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања