Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

За три недели истекува рокот за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

За околу три недели односно на 25- ти јануари истекува рокот за доставување документација за јавниот оглас за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата.  Ова е втор јавен повик за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии, што го објавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

— реклама —

„Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.

— реклама —

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.

— реклама —

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство укажува сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите“, велат од МЗШВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања