За Вардариште ќе има 24 часа надзор! „Распоредена е екипа од приватно обезбедување“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
vardariste-OJO

Депонијата Вардариште, која со години претставува ризик за пожари и загадување, од денеска е под постојан надзор. На терен е распоредена екипа од приватна агенција за обезбедување со цел да се спречи влез на лица и можни намерни потпалувања, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Ангелов нагласи дека моментално на Вардариште нема горење или чадење. „Последниве денови секојдневно испраќавме по едно специјализирано возило – хермелин – кое интервенираше на местата каде што имаше само чадење,“ рече тој.

Тој најави дека ќе се изработи специјален план за целосно обезбедување на депонијата и за спречување на нови обиди за палење, бидејќи постојат сомнежи дека пожарите на Вардариште и на „Дрисла“ биле предизвикани намерно.

— реклама —

Ангелов потсети дека неодамна биле уапсени три лица кои купувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до метал. „Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува,“ истакна тој.

На денешната владина седница се очекува да биде донесена и формална одлука за забрана за влез на Вардариште, што вчера не можело да се реализира поради присуството на дива населба во тој дел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања