„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За вас кои имате миленици: Колку сон им треба?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
dreamstime-m-129728943

Во една неодамнешна студија истражувачите во Велика Британија ги разгледаа моделите на спиење кај кученца стари 16 недели и кучиња стари 12 месеци.

— реклама —

Тие заклучиле дека возрасните кучиња (стари 12 месеци) спијат помеѓу осум и 13,5 часа секој ден. Во просек, здраво возрасно куче спие 10,8 часа секој ден.

Студијата покажа дека кученцата спијат во просек по 11,2 часа дневно. Американскиот кинолошки клуб додава дека некои млади кученца можат да спијат помеѓу 18 и 20 часа дневно. Тие велат дека тоа не е ништо невообичаено или неочекувано бидејќи тие се развиваат. Потребен е доволен одмор за правилен развој на нивните внатрешни системи.

— реклама —

Исто така, откриено е дека кученцата спијат помалку во текот на ноќта отколку возрасните кучиња, но затоа поминуваат повеќе време во текот на денот дремејќи.

Големите раси кучиња спијат повеќе од помалите. Ова е веројатно затоа што на нивното тело му треба дополнително време да се наполни по секојдневните активности.

Циклусите на спиење кај кучињата се полифазни. Во овие фази, кучињата обично доживуваат еден до два циклуси на спиење од по 45 минути. Ако кучето спие доволно долго за да стигне до РЕМ-фазата, големи се шансите дека сонува за своите омилени посластици и луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања