Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

За ВМРО НП е неприфатливо 80% од амбасадорите да бидат вработени во МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mnr

ВМРО-Народна партија се спротивставува на идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80% од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за Надворешни работи или т.н. дипломати од кариера, се вели во соопштението од ВМРО НП.

ВМРО-Народна партија смета дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри па дури и академици.

Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч. Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери.

— реклама —

ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет.

— реклама —

Затоа, ВМРО-Народна партија смета дека овие измени на Законот за Надворешни работи не треба да бидат прифатени, се вели во соопштението од ВМРО НП.

 фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања