Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За време на викендот вкупно 25 сообраќајки во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатите денови (25, 26 и 27.01.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 22 лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: 38 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 44 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и осум возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи 26 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовар. Санкционирани се 20 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 15 поради непоседување пропишана зимска опрема, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Издадени се 114 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања