Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје

Поради неспособноста на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски Скопје со денови буквално се дави во ѓубре, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Преполни контејнери, нехигиена и диви депонии.

Погледнете зад мене, каде што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски даваше изјава во Радишани.

— реклама —

Купови смет, во близина на детска градинка, трговски центар, среде населба.

Еколошка катастрофа која може да стане извор на зарази.

Ова што Мицкоски и ДПМНЕ им го направија на скопјани и на Скопје е срамно и тажно во исто време.

— реклама —

Секогаш, ама секогаш кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос.

Градоначaлниците на ДПМНЕ во Скопје се најнеспособната локална власт досега.

— реклама —

Мицкоски ги излажа Скопјани, бараше гласови за Арсовска и ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува.

Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа.

До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај.

— реклама —

Какво модерно Скопје, каков развој. ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија.

Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.

Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања