Промени тема
Контакт

За заштита на стандардот на граѓаните, од вчера ограничена е маржата за основните прехранбени производи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
leb

За заштита на стандардот на граѓаните и спречување нови ценовни шокови, од вчера ограничена е маржата за основните прехранбени производи, вели СДСМ

„За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо.

За брашното, јајцата, македонскиот ориз и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.

— реклама —

Со оваа одлука која ќе важи до 30 септември 2022 година, се ограничува растот на цените на овие продукти во наредните месеци, со што се штити стандардот на граѓаните.

Во време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ покажува постојана грижа за сите категории граѓани.

— реклама —

По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, следуваат нови таргетирани мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.

— реклама —

Преку ефикасни и навремени мерки и политики успеваме економијата да ја задржиме на стабилни основи и повеќе пари да завршуваат кај граѓаните.

Продолжуваме со вистинска грижа за нашата економија, за нашите сограѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања