Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Забавата денеска е во Вевчани - почнува дефилето на маски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vevcani-11

Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, што на 13 и 14 јануари, ќе се одржува низ вевчанските улици. Голем број граѓани од утринава се упатуваат кон Вевчани да го проследат театарот на отворено. Карневалот е организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи.

Локацијата каде што започнува е почетокот на селото, собрани во две групи: горномааалски и долномаалски. Активните дејствија на карневалот се следни – посета на секое вевчанско домаќинство, потоа крштевање на бистрите Вевчански извори, гостењето на василичарската визита и трансформирањето на групите василичари на Вевчанскиот карневал на сред село, во текот на едно деноноќие. На крајот од карневалот се палат маските, а веќе следниот ден се сублимираат случувањата и се утврдува собраната сума парични средства која васлиличарите ја добиваат после посетата на куќите и се гледаат приоротетите на нивно наменско трошење за потребите на заедницата.

— реклама —

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, по две години пауза, годинава доби 1,8 милиони денари од Министерството за култура, за што ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот Кочовски потпишаа договор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања