Промени тема
Контакт

Забрана за камиони на планинскиот превој Барбарос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.

„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Во 18.00 ч воведена е забрана за ТМВ на патот Прилеп-Мак.Брод, на планинскиот превој „Барбарос“, поради снежни врнежи.

— реклама —

Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.

— реклама —

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.

— реклама —

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања