Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,додека во Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни служби. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Ѓавато и во Маврово.
Во 16.30 ч на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Во 17.50 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 19,15 часот, на патниот правец Прилеп-Градско на превојот Плетвар, поради врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ, и тоа само од правец Прилеп-Градско