Промени тема
Контакт

Забрана за камиони на повеќе патни правци, а за останатите задолжителна употреба на ланци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
smokvica-pat-1

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

„Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

— реклама —

Од 07:15 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан.

Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.

— реклама —

Од 08:45ч. на патниот правец Тетово-П.Шапка се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (ланци).

— реклама —

Од 08:55ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци“, информираат од АМСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања