„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Забрана за камиони на повеќе патни правци, магла во Страцин и Буково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sneg-605x420

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

— реклама —

Поради појава на магла видливоста е намалена од 50м до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.

Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 23:55 часот на патот Дебар - Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

— реклама —

На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања