„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се уште е на сила.
Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража“, велат од Македонијапат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.