Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Забрането капење на плажа во Варна поради опасно високо ниво на бактерии во морето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryrte3guq8qfug92xtKKb
unsplash

Регионалниот здравствен инспекторат во бугарскиот град Варна денеска соопшти дека е воведена привремена забрана за капење на Офицерската плажа поради значително зголемено присуство на бактерии во морската вода.

— реклама —

Според соопштението, анализите покажале особено високо ниво на бактериите ешерихија коли и цревни ентерококи, поради што надлежните одлучиле привремено да го забранат капењето на оваа плажа.

— реклама —

Како што пренесува бугарскиот портал „Нова“, на плажата ќе биде поставена предупредувачка табла со која посетителите ќе бидат информирани дека капењето во оваа област е привремено забрането.

— реклама —

Во меѓувреме, регионалниот гувернер на Варна свикал состанок со претставници на Регионалниот здравствен инспекторат и концесионерите на плажите, со цел да се утврдат механизми за построга контрола на чистотата и редовно следење на квалитетот на морската вода.

— реклама —

Надлежните најавија дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а забраната ќе остане во сила сè додека резултатите не покажат дека водата повторно е безбедна за капење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања