„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Задолжително доставување потврди за вакцинален статус при упис во училишни и предучилишни установи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vakcini-novi

Министерството за здравство ја известува јавноста дека во Службен весник бр. 85 од 30 април 2019 година, се објавени измените и дополнувањата донесени од министерот за труд и социјална политика на правилникот за водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој, со кој сега се прецизира дека при упис на дете во градинка, задолжително се приложува потврда за неговиот вакцинален статус, и без оваа потврда детето не може да биде запишано во предучилишна установа.

— реклама —

Напоменуваме дека во потврдата треба да стои дека детето ги примило сите вакцини кои се предвидени според вакциналниот календар.

За децата кои се запишуваат во прво одделение во основните училишта, во мај, за следната учебна година, при запишувањето, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Станува збор за обврска пропишана со член 46 став (2) од Законот за основното образование.

— реклама —

Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини.

Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.

На територијата на Република Северна Македонија во моментов е прогласена епидемија на морбили. Воедно потсетуваме дека е задолжително вакцинирањето со МРП вакцина, како и останатите вакцини предвидени според вакциналниот календар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања