Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заедно градиме модерни општини, предложи идеја и биди дел од промените што носат иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
slika10112022

Денес и утре продолжуваме со акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина", вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година.

— реклама —

Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk и истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран.

— реклама —

За само два дена минатиот викенд се собраа 845 проекти, и со тоа покажуваме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ иновираат и ги слушаат потребите и приоритети на граѓаните.

Преку вклучување на граѓаните во работата на општините воведуваме нов начин на работење и делување. Со креирање на општински буџети, граѓаните директно ќе можат да контролираат каде се трошат нивните пари.

— реклама —

Заедно градиме модерни и европски општини и создаваме иднина за сите граѓани.

— реклама —

2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум, преку изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти.

Биди дел од промените што носат иднина“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања