Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заедно патуваа на работа, заедно заминаа во смрт: Имавме 12 минути да ги извлечеме, беше невозможно!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
1839975_5_ls

Во општина Куршумлија вчера беше прогласен „Ден на жалост„ поради трагичната смрт на 5 граѓани од оваа општина. Трагедијата се случи пред три дена кога автобус од компанијата „Ниш Експрес„ премина во спротивната коловозна лента и дирекно се судри со камион со приколка.

— реклама —

Синиша Мијаиловиќ, Добрила Радовановиќ, Зихнија Кошута и Јелица Радовиќ ги изгубија своите животи во стравичната сообраќајна несреќа, која се случи пред три дена околу 6:45 минути, на патот Куршумлија – Прокупје.

— реклама —

Сведоци на сообраќајката беа полицајците Марко Милинчиќ и Владимир Савиќ, кои во моментот на несреќата се наоѓале во автобусот. Тие им помогнале на повредените. Покрај нив Саша Вучковиќ исто така полицаец и Иван Вековиќ, војно лице, се наоѓале во автомобил кога се случила сообраќајката.

— реклама —

„Од јачината на ударот, неколку патници паднаа од седиштата. Со колегата Савиќ го скршивме стаклото, за да можеме да влеземе во автобусот. Го зедов противпожарниот апарат од едно комбе и почнав да го гаснам пожарот кој изби во камионот. Прво се појави на предниот дел од камионот а подоцна никој не можеше да влезе внатре.

— реклама —

Неговиот колега Савиќ, додава дека слушнал многу јак удар и веднаш почнал да помага на повредените.

„Откако го скршивме стаклото, почнавме да им се доближуваме на патниците. Ги извлеков и ги сместив на безбедно. Во тој момент пожарот се прошири и на автобусот. Пожарникарите го гаснеа, а ние повредените ги стававме во возила на Итна помош, додава тој.

„Се боревме да го изгаснеме пожарот. Не можевме да допреме до акумулаторот и моторот, каде што беше пожарот, затоа што тој дел од камионот беше потполно уништен, се сеќавам дека полицајците успееја да го скршат стаклото на задното седиште на автобусот и од тука ги вадеа повредените„

Едни се обидуваа да го изгаснат пламенот, а други ги вадеа повредените. Имавме само 12 минути да ги извлечеме. Трчав до најблискиот двор да најдам буре со вода. Додека се вратив, пламенот буквално го изеде автобусот и не беше можно да се доближи човек да им помогне на патниците. Тешко ми што не успеавме да ги спасиме сите луѓе, рече тој.

Автобусот кој потполно изгоре го користеле и деца и вработени. На среќа тој ден не патувале деца, поради распустот од училиште. Во Куршумлија вчера беше ден на жалост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања