Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: 1.000 нови домаќинства ќе се приклучат на градското парно со проширувањето на топловодната мрежа во Општина Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
24012021_Zaev_toplvodnamrezha

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти што се реализираат во оваа општина.

— реклама —

Како што истакнаа во своите обраќања, успешната соработка помеѓу Владата и локалната самоуправа е клучна за да се обезбедат услови за подобар живот на сите граѓани.

— реклама —

Во име на таа цел, во моментот во општината се реализира заеднички проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа. На овој начин ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од градот.

„Еден од стратегиските определби на Владата на Северна Македонија е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност. Со максимална децентрализација на власта создаваме услови за да го обезбедиме тоа што го очекуваат граѓаните непосредно од нивните општини: Пристоен, достоинствен живот, со сите подобности директно во нивната локална заедница. Овие очекувања на граѓаните во населеното место Хиподром во Општина Гази Баба се во голема мерка остварени, истакна премиерот Зоран Заев.

Премиерот додаде дека во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици, со 12 училници, шест кабинети, простор за наставниците и со библиотека.

Заедно со општината изградивме објект кој ги задоволува сите услови и стандарди за реализација на воспитниот образовен процес на квалитетен начин.

Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на училиштето.

Повеќе од десет години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост.

Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое беше завршено оваа година низ неговите ходници се исполни џагорот на децата, на радост на нивните родители и на другите граѓани на општината.

Оваа година влегуваме во реализација на уште еден заеднички проект од посебен интерес на граѓаните на Гази Баба, односно на населеното место Хиподром.

Заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000 домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други населени места.

Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години, истакна Заев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања