Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев: 5 јули е датумот кога по Устав и закон треба да се одржат изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev

5 јули е датумот кога треба да се одржат изборите и тоа утврдено со Уставот и законите кои мора да се почитуваат, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

— реклама —

- Во ситуација кога не е можен договор, мора да се водиме од Уставот и законите. Ако политичарите најдат заедничко решение, како што имало ситуација и претходно, се наоѓале механизми за да се реализираат тие решенија, но во ситуција кога договор нема,  не постигнат договор за некакво решение, тогаш мора да се почитуваат Уставот и законите. Нема да дозволам некој да ги крши Уставот и законите, порача Заев.

— реклама —

Претседателот Заев посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат од изборно соочување.

— реклама —

- Опозицијата не покажа став за сите важни прашања, ним би им одговарало ваква неизвеснот, да пливаат во матно и изборите постојано да се одлагаат, но знаат дека бројките, рејтинзите не можат да ги променат, народот има став за сите нас. Опозицијата треба прва да бара избори, за да има политичка влада и одговорност, да презема чекори. Здраво е за државата, за здравството, за економијата да имаме политичка влада која ќе сноси полна одговорност пред граѓаните, порача претседателот Заев.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања