Направената штета во МНТ ќе ја надомести навивачката група „Шверцери“, а ако тие не ја платат, тоа ќе го стори директорката на установата Симона Угриновска, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
– Имаме две штети едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азука. Постои правилник за наградување и санкционирање, па согласно тоа одредивме казна. Надоместокот на штета ќе го плати навивачката група, ако не го платат, ќе го плати директорката. Овде е материјална штета за која се има право да се надомести и притоа да се извлече санкција. Работна група формиравме, рефериравме пред граѓаните. Штетата ќе биде надоместена, а духовната и етичката штета ќе биде надоместена согласно правилникот за наградување или санкционирање“, рече премиерот Заев.
фото: Влада