Заев: Амнестија е неприфатлива, национално помирување ќе се прави во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Барањето за амнестија од ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, националното помирување ќе се прави во Собранието, изјави денеска премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеници кои гласаа „за“ процесот кон пристапување на уставните измени

— реклама —

— реклама —

Заев истакна дека се разговарало за три од четири нивни барања, а во дебатата нашле и конкретни насоки за делот за зајакнување на македонскиот идентитет.

— реклама —

Kажа дека до петок ќе има уште една средба со осуммината пратеници кои ги поддржаа уставните измени, како и дека продолжуваат консултациите за нацрт-амандманите со другите пратеници од мнозинството, но и од БЕСА и Алијанса на Албанците.

  -Заедно со министерката Рената Десковска направивме консултација со новата пратеничка група. Констатирам дека изнајдовме конкретни насоки во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде завршен од страна на Грција. Македонскиот идентитет ќе биде зацврстен, рече Заев.

Додаде дека една од точките што  денеска ја имале на консултирањето била токму четвртата точка од барањето, а тоа е создавање на координативното тело на Парламентот кое треба да зборува за помирувањето кое треба да се случи.

Заев посочи дека денеска се обработени и сите детали при што остануваат следни чекори за формирање на таквото координативно тело кое што треба да биде водено од претседателот на Собранието, да има тројца членови во координативното тело од новата пратеничка група и во него да бидат сите пратенички групи, каде со формирањето на тоа координативно тело ќе бидат разработени сите аспекти на самото национално помирување за кое заемно постои интерес да го спроведеме.

-Ги разработивме сите детали. Заедно со правните тимови ќе ги вградиме трите барања“, истакна премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања