Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев, Анѓушев и Тевдовски ја донесоа економијата до колапс, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-mickoski

„Црното економско трио на владата на СДСМ Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски ја донесоа македонската економија до колапс. Залудни се обидите на власта со соопштенија да го замајува народот за наводните подобри услови за живот кои никој реално не ги почувствува.

Фактите говорат дека оваа влада не донесе ниту една поголема гринфилд инвестиција иако повеќе од две години се на власт. Странските инвеститори ја избегнуваат Македонија и парите ги инвестираат во соседните држави.

— реклама —

Граѓаните се уште ја чекаат ветената просечна плата од 500 евра. Докторите се уште чекаат 100.000 денари плата.

Над 500.000 наши граѓани живеат на прагот на сиромаштијата. Речиси 50 отсто од младите се невработени.

— реклама —

Македонија има најмал раст на БДП во Европа. Реализацијата на капиталните инвестиции се очајни 6,2 отсто за првите три месеци што само ја потврдува неспособноста на оваа власт.

Дури 70 отсто од граѓаните земаат плата помала од просечната која и така не стасува за подмирување на основните потреби за живот.

Повеќе од 70 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава и подобар живот да бараат во странство.

Бенефит имаат само фирми блиски на раководството на владејачките партии кои редовно ги добиваат големите тендери за набавки од парите на граѓаните.

Тоа е начинот на кој СДСМ ја разбира економијата. Тоа се резултатите на работењето на оваа влада“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања