Промени тема
Контакт

Заев: Апелирам на европски вредности, меѓусебно разбирање и пријателство, а воздржаност од говор на омраза од двете страни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
14122020_Pres_100-dena-od-rabotenjeto-na-Vladata_3

„Говорот на омраза за жал е подигнат од двете страни, и уште еднаш ја користам приликата да апелирам до сите. Ние сме прво кроток и добар народ и се сме пријатели. Прво до нашите граѓани дека должност ни е да градиме пријателства, и заради сегашните и заради идните генерации“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на новинарско прашање за пројавите на говорот на омраза на релација меѓу Северна Македонија и Бугарија поставено на настанот по повод реализираното во првите 100 дена на актуелната Влада.

Премиерот Заев упати апел и до граѓаните на пријателска Бугарија да се воздржат од било какви провокации затоа што тоа никому не му носи добро. Воедно истакна дека пријателствата се благодат и дека низ призма на пријателството сите ќе не почитуваат повеќе и во регионот и во Европа.

Претседателот на Владата истакна дека како одговорни политичари постојано работат на спречување и демотивирање на вакви процеси.

— реклама —

„Не само заради тоа што чекаме од Бугарија да го тргне ветото . Туку и затоа што тоа не е добро за нашиот народ. Ние сакаме низ пријателство да развиваме инвентивност, идеи, нови инвестиции, и наши во Бугарија и бугарски овде, коишто ќе отвораат работни места, ќе ги покачуваат платите, коишто ќе овозможат средношколски турнири во фудбал, одбојка, ракомет, кошарка и во сите спортови, каде ќе се пренесува знаењето и меѓусебното разбирање и поддршка. Тоа е тоа што ни треба, тоа е европскиот пат. А ние знаеме дека друг пат не постои“, истакна премиерот Заев.

Во однос на навредите упатени од страна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кон македонскиот дел од Мешовитата историска комисија, како и од страна на некои бугарски историчари кон македонскиот народ, премиерот Заев истакна дека на сите навреди јавно се реагира и секогаш ќе се продолжи да се реагира.

„Ова е навреда и нормално дека ги повредува нашите чувства. Секако остануваме на апелот да се воздржуваме од провокации и навреди заради тоа што навистина тоа не нѐ носи никаде. Тоа не носи повторно во изолација едни со други, во непријателства и слично. 21 век сме, трета деценија. Борбата во светот е на друг план, на 4-та индустриска револуција, на технолошки развој и навистина како европски политичари, како политичари коишто градиме пријателство мораме да ги користиме зборовите на пријателство“, истакна претседателот на Владата.

— реклама —

Воедно премиерот Заев нагласи дека и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија мнозинството од граѓаните ги поддржуваат процесите кои градат пријателство и соработка, европските вредности кои носат просперитет за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања